Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милевски го соопшти списокот на играчи за дуелите со Италија и Малта

/

пред 1133 дена

Сподели преку :

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи за претстојните квалификациски дуели за пласман на Европското првенство што ќе ги одиграме против Италија и Малта.

Во составот е повикан дебитантот Ахмед Иљазовски кој го носи дресот на данскиот Хвидовре, а во националниот тим се враќа и Димитар Митровски од Вараждин.

Откако се повлече од репрезентацијата го нема капитенот Стефан Ристовски, а поради повреда на списокот го нема Марјан Радески додека Дарко Чурлинов кој се уште се рехабилитира по тешката болест не доби дозвола од Барнли да им се приклучи на подготовките.

Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните натпревари против Италија и Малта е закажан за 4. септември во х. Хилтон во Скопје.

ФОТО: Игор Паневски