Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милевски: Во Велс очекувам сличен натпревар како и оној во Скопје

/

пред 320 дена

Сподели преку :

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски смета дека неговиот тим најпрво мора да ужива во утрешниот натпревар. Имаше пофални зборови за противникот, но не очекува различен натпревар од оној во Скопје, кога одигравме реми 1-1.

„Секако дека никогаш не недостига мотивација кога сте во ваква ситуација. Кога сте во позиција да се борите за подобра стартна позиција во еден плеј-оф, а не само за пласман во плеј-офот, тоа е уште еден мотив плус. Подготвени сме за натпреварот, пред сè да уживаме во него, па ќе видиме што ќе ни донесе“, рече Милевски на денешната прес-конференција. 

„Не очекувам многу поинаков натпревар, затоа што двата тима се тие, истите. Квалитетот на Велс и на нивните фудбалери е неспорен. Се работи за извонредни играчи кои настапуваат за најдобрите клубови, и во Премиерлигата и во Чемпионшип. Имаат одличен селектор, а како тим функционираат навистина извонредно, така што не очекуваме ништо поинакво од она што нè очекуваше и во Скопје. Се надевам дека ќе одговориме адекватно на сето тоа и дека ќе бидеме конкурентни и на утрешниот натпревар.“, истакна нашиот селектор.