Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милевски: Заслуживме да ги освоиме трите бода

/

пред 1585 дена

Сподели преку :

Македонската репрезентација со бод го отвори настапот во новиот циклус од Лигата на нации. На гостувањето во Разград против Бугарија игравме без победник 1:1.

“Може комотно да кажам дека од првата минута до последната минута Македонија го контролираше мечот во секој сегмент. Имавме во првото полувреме шанси, но од одредени делови во играта не можам да бидам задоволен во првиот дел. Второто полувреме, во овој период на крај од сезоната во момент кога добар дел од играчите се долго со завршени сезони, може да кажам дека го одигравме перфектно. Перфектно, ќе повторам, во момент ако се погледне во кој дел од сезоната играме. Според мое мислење, да точно е дека немавме доволна зрелост во нападот дека не реализиравме многу шанси, но тоа е затоа што поголемиот дел од играчите, освен Алиоски и Трајкоски, се надвор од натпреварувачка форма. Може да резимирам, од резултатот не сум никако задоволен затоа што заслуживме чиста победа… Но, имаме уште многу за игра и во овој циклус и продолжуваме понатаму”, изјави селекторот Благоја Милевски.

ФОТО: Игор Паневски