Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Младите кошаркари против Украина место за финале и пласман во елитата

/

пред 1177 дена

Сподели преку :

Македонската кошаркарска репрезентација од 20 години денеска се соочува со Украина во полуфиналето на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Скопје. Нашите млади надежи се близу да остварат пласман во А-дивизијата, односно треба да завршат помеѓу првите три репрезентации на турнирот.

Македонија вчера во салата „Кале“ ја совлада Велика Британија во четвртфиналето со 66-49, додека Украина беше подобра од Холандија со 67-49. Двете репрезентации имаат речиси идентичен ефект на турнирот во нашиот главен град, односно четири победи и еден пораз.

Момците на селекторот Никола Василев доколку победата денеска и се пласираат во финалето тогаш сигурно обезбедуваат пласман во елитната дивизија. Со пораз, ќе имаат втора шанса за да стигнат ранг погоре, односно ќе мораат да слават во мечот за бронзениот медал, бидејќи само првите три репрезентации одат во елитата.

Овој натпревар се игра од 18.30 часот во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, додека второро полуфинале е помеѓу Шведска и Чешка од 21 часот.