Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Младите ракометари вечерва против Унгарија во битка за 9.место на СП У-19

/

пред 1151 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација до 19 години денеска се соочува со Унгарија и се бори за пласман на 9.место на Светското првенство што се одржува  во Хрватска. Малку недостигаше нашите надежи да стигнат и до четвртфиналето, но настапот и вака може да се окарактеризира како голем успех.

Од вкупно пет натпревари одиграни досега на Мундијалот, нашите млади ракометари загубија два пати. Во првото коло од групната фаза од Норвешка и на стартот на главната фаза од Данска. Ги победивме Грузија, Црна Гора и Австрија, па вечерва од 20 часот во Копривница ќе водиме битка со Унгарија за 9.место на Светското првенство.

Ако победиме денеска ќе се соочиме со победникот од дуелот помеѓу Чешка и Саудиска Арабија, со пораз ќе играме со поразениот од овој дуел.

Оваа генерација предводена од Радослав Стојановиќ и Бранко Ангеловски од клупата покажува дека Македонија има светла иднина. Токму овој тим лани славеше на ЕХФ-шампионатот во Летонија, па освен пласман на Светското првенство обезбеди и учество на Европското првенство до 21 година што ќе се одржи идното лето.