Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мудрик суспендиран поради допинг: Во шок сум, никогаш не сум користел недозволени средства

/

пред 656 дена

Сподели преку :

Фудбалерот на Челси, Михајло Мудрик доби привремена суспензија поради позитивен допинг-тест. Украинецот веднаш објави соопштение во кое негира дека некогаш своеволно земал недозволени средства.

Фудбалската Асоцијација на Англија и фудбалскиот клуб Челси утринава објавија дека Мудрик бил позитивен на допинг тест, но засега не е јасно на која супстанца. Крилниот напаѓач автоматски доби суспензија, но понатамошната истрага ќе покаже колку долго.

Украинецот објави соопштение во кое вели дека е во шок по добиената вест. Тој негира дека своеволно користел недозволени средства за подобрување на перформансите.

„Знам дека не сум направил ништо лошо и се надевам дека наскоро ќе можам да се вратам на теренот“, напиша Мудрик на социјалните мрежи. 

Последен пат играше за Челси на 28.ноември и ги пропушти последните пет натпревари на тимот. Беше во составот за дуелот со Астон Вила на 1.декември, но не настапи. Менаџерот Енцо Мареска тогаш тврдеше дека Мудрик не е во тимот поради болест. Фудбалерот кој има само 23 години потпиша за Челси во 2023 година од Шахтер Доњецк за обештетување од неверојатни 89 милиони фунти.