Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муслиу: Фокусирани на првиот дуел со Бугарија

/

пред 1590 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација на крајот од сезоната во која беше на чекор до пласман на Светското првенство ќе одигра четири дуели од новото издание на Лигата на нации.

Во следниов период не очекуваат натпревари со Бугарија, Грузија и две соочувања со Гибралтар.

“Селекторот верува во нас, тоа ни дава самодоверба. Ние сме докажале дека знаеме да победуваме со ривали како следните. Ги чекаме новите предизвици, желбата да се игра за репрезентација е поголема од одморот, концентрирани сме на тренинзите и на првиот меч со Бугарија. Нормално е дека секој пат е потребно освежување на тимот. После она кое го минавме во месец март, сите ние очекуваме што е можно подобри резултати, тоа значи да бидеме први и да запишуваме победи во овој циклус на Лигата на нациите”, истакна Висар Муслиу.

ФОТО: Игор Паневски