Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ останува во игра за опстанок во АБА: ФМП падна во Скопје

/

пред 1311 дена

Сподели преку :

МЗТ Скопје славеше победа против ФМП со 87-82 и ја запиша четвртата победа во АБА-лигата во рамки на 20.коло. Овој триумф е од големо значење за македонскиот шампион, бидејќи ги задржа шансите за опстанок во елитното регионално натпреварување.

Скопскиот тим очајно го почна натпреварот во „Јане Сандански“ и дозволи предност на ривалот од дури 12 поени во првиот период. Момците на тренерот Драган Николиќ се консолидираа во средината на вториот период па дури и поведоа, но ФМП на големата пауза имаше резултат 35-39. МЗТ експлодираше во финишот на третиот период, кога направи серија од 11-0 за водство од 65-56.

Во завршницата  МЗТ знаеше како да го зачува водството за конечна победа од 87-82, а тоа значеше и четврти пораз во низа за ФМП.

Мајк Кефи со 23 поени беше лидер на МЗТ, додека Дастин Вер имаше 13 поени. Кај ФМП, Ебука Изунду постигна 18 поени.

Во следното 21.коло во АБА, МЗТ гостува кај Мега на 12 март.