Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ Скопје атакува на првиот трофеј во женскиот Куп, Баскет Кам посакува хет-трик

/

пред 1325 дена

Сподели преку :

Во решавачкиот натпревар за пехарот во Купот на Македонија во женска конкуренција, кошаркарките на МЗТ Скопје кои дебитираат во ова натпреварување ќе се соочат со Баскет Кам.

Тимот од Аеродром предводен од Американките, Оливија Ли и Џои Симонс ќе обидат на направат нова сензација и да го совладаат фаворизираниот противник кој атакува на третиот трофеј во Купот.

“Ќе видиме што ќе биде во финалето со Баскет Кам и кој ќе ги искористи своите предности. Јас секогаш велам да одиграме, да покажеме што знаеме и после да коментираме”, рече Вела Красниќ, тренерката на МЗТ Скопје.

Во составот од Македонска Каменица и на овој дуел нема да биде Цветанка Димова, но и покрај овој податок тимот на Златко Гоцевски е фаворит за освојување на пехарот.

“Во финалето одиме по титула. Играме третпат по ред во финалето, мора со ладни глави да влеземе во тој меч и уште помотивирано да го нападнеме трофејот”, изјави предводникот на Баскет Кам.

Натпреварот се игра во салата на СРЦ Кале, почнува во 16 часот и 30 минути, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

ФОТО: Игор Паневски