Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ Скопје ја почнува одбраната на титулата

/

пред 1254 дена

Сподели преку :

Вечерва ќе се комплетираат првите натпревари од четвртфиналето во разигрувањето за шампионската титула во кошаркарското првенство.

Бранителот на трофејот од 19 часот пред своите навивачи ќе се соочи со Кожув додека половина час порано почнува дуелот во Битола во кој Пелистер се среќава со Феникс.

Вчера Еуро Никел успеа да направи брејк во серијата против ТФТ и забележа победа од 70:62 додека Гостивар поведе со 1:0 откако на домашен терен славеше над Работнички со 76:69.

Четвртфиналните натпревари се играат во серија подобар од три.

ФОТО: Игор Паневски