Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ Скопје мора да ја совлада Игокеа

/

пред 1297 дена

Сподели преку :

Македонскиот шампион МЗТ Скопје вечерва од 17 часот во СЦ Јане Сандански ја пречекува Игокеа во меч кој директно решава за епилогот околу опстанокот во АБА лигата.

МЗТ Скопје во последните два настапи на домашен терен успеа да слави против Цедевита Олимпија и ФМП, екипи што се во горниот дел од табелата и се чини дека нема да има проблем во дуелот против тимот кој има само две победи повеќе од нашиот претставник.

Игокеа во пресрет на гостувањето во Скопје има очајна серија од само еден триумф во последните 11 натпревари и е забележан минатиот викенд кога на домашен терен го совлада ФМП со 77:70.

Дуелот против гостите од Босна и Херцеговина е одлична шанса МЗТ Скопје да стигне до нова победа и да направи уште еден чекор кон обезбедување опстанок во регионалното натпреварување.

ФОТО: Игор Паневски