Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗТ Скопје со двајца нови Американци во ростерот за следната сезона

/

пред 1161 дена

Сподели преку :

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје почна да го составува тимот за следната сезона во која ќе се обиде да се врати во елитната АБА-лигата преку настапите во АБА2. Нови играчи на „аеродромци“ се Американците Седрик Расел и Ејасу Ворку.

Се работи за двајца играчи кои имаат по 24 години и играат на бековската позиција. Расел е играч кој зад себе има пет години искуство во елитната НЦАА или колеџ лига во САД, од кои четири во дресот на Луизијана Универзитетот. Лани играше за српскиот прволигаш Тамиш со просек од 16,2 поени по натпревар.

Ворку пак се враќа во македонската кошарка, бидејќи предминатата сезона играше во дресот на Гостивар. Тој играше и во Хрватска во тимовите на Забок и Задар.

Претходно МЗТ се засили со српско-хрватскиот центарски тандем Душан Танасковиќ и Марко Баковиќ, а во тимот од ланскиот состав останаа браќата Војдан и Дамјан Стојановски.

Македонскиот шампион ја продолжи и соработката со тренерот Васко Атанасов, кој лани го презема тимот од Драган Николиќ во финишот од сезоната.