Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На повидок големо предавство: Хезоња од Реал Мадрид се сели во Барселона

/

пред 841 дена

Сподели преку :

Еден од најдобрите кошаркари на Реал Мадрид, Марио Хезоња се очекува да направи трансфер во редовите на лутиот ривал Барселона.

Наводно, Каталонците на Хрватот му понудиле четиригодишен договор вреден 3 милиони евра по сезона. Реал Мадрид има опција да го задржи ако му понуди идентични услови, но шпанските медиуми велат дека „кралевите“ нема да ја искористат клаузулата.

За Хезоња тоа би било враќање во поранешниот клуб, бидејќи од 2012 до 2015 играше за Барселона. Потоа премина во НБА-лигата, каде играше за Орландо, Њујорк и Портланд. По враќањето во Европа играше за Панатинаиско и Уникс Казањ.