Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На СП во Јуџин ќе се поделат шест комплети на медали

/

пред 1535 дена

Сподели преку :

На претпоследниот ден од Светското првенство во атлетика ќе се одржат шест финални дисциплини.

Програмата се отвора во три часот наутро по средно-европско време со настапот на најдобрите во трискок во машка конкуренција.

Потоа следува трката на 800 метри кај мажите и 5000 метри кај дамите. За 3 часот и 35 минути закажан е почетокот на финалето во фрлање копје во машка конкуренција, а на крајот ќе бидат познати новите светски шампиони во штафетите 4 пати по 100 метри за мажи и жени.

Денеска почнува и натпреварувањето во десетобој, а ќе се одржат и квалификациите во скок во далечина за дами.