Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Надал се повлекува од тенисот во 2024 година

/

пред 1235 дена

Сподели преку :

Поранешниот светски рекет број 1, Рафаел Надал и официјално потврди дека поради повреда ќе го пропушти настапот на Ролан Гарос, а изјави дека следната 2024 година ќе му биде последна во професионалниот тенис.

“Повредата која ја добив во Мелбурн никако не можам да ја санирам. Враќањето на тениските терени во моментов е невозможно и јас нема да настапам на Ролан Гарос. Не сум подготвен да се вратам и во овој период ќе се обидам да го регенерирам телото и пред себе нема да поставувам датуми кога повторно ќе почнам да играм. Крајот на годината и настапот во Дејвис купот може да биде некоја достижна цел, но за мене е приоритет да бидам подготвен за 2024 година која ќе биде последна во мојата кариера”, изјави Надал.

Шпанецот последен пат настапи токму на Отвореното тениско првенство на Австралија кога поради повреда на мускулот на кукот мораше да го предаде мечот против Мекензи МекДоналд.

Од тој момент тој почна да ги откажува настапите во Монте Карло, Барселона, Мадрид и Рим, а сега и на вториот Гренд слем во сезоната што се игра на терените во Ролан Гарос.

Надал во последниве 18 години ниту еднаш не го откажал настапот во Париз, но сега поради објективни причини, тој мора да се повлече од турнирот кој го освојувал рекордни 14 пати.

ФОТО: Игор Паневски