Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најголем награден фонд на Светските првенства во атлетика

/

пред 1543 дена

Сподели преку :

Денеска почнува Светското првенство во атлетика кое за прв пат во историјата ќе се одржи на територијата на Соединетите Американски Држави, а домаќин е градот Јуџин.

Вкупниот награден фонд на шампионатот изнесува 8,498 милиони долари што е најголем во историјата на ова натпреварување.

Според правилникот секој освојувач на златен медал ќе инкасира сума од 70.000 евра, среброто ќе се награди со 35.000, а освојувачот на бронзениот трофеј ќе добие 22.000.

Победниците во штафетните трките ќе добијат 80.000 евра, двојно помалку освојувачите на втората позиција, а со 20.000 евра ќе бидат наградени третопласираните.

За атлетичарите кои ќе постават светски рекорд е предвидена награда од 100.000 евра.

Светското првенство во атлетика ќе се одржи во периодот од 15 до 24 јули.

ФОТО: Игор Паневски