Џонатан Дејвид ќе биде замената за Виктор Озимен во нападот на Наполи ова лето. Нигериецот е на добар пат да си замине од стадионот „Диего Армандо Марадона“ и тоа за обешетување од преку 100 милиони евра.
Наполи е подготвен половина од овие пари да ги инвестира во Дејвид од тимот на Лил. Канаѓанецот наводно веќе ги договорил личните услови со италијанскиот тим и ќе потпише петгодишен договор вреден 3 милиони евра по сезона.
Дејвид сезонава во Лига 1 на 28 натпревари има 16 голови.











