Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Натпреварите од 22. коло во ракометната Супер лига ќе се играат на 25 и 26 март

/

пред 563 дена

Сподели преку :

Ракометната федерација соопшти дека последното коло од Супер лигата кое требаше да се одигра претстојниов викенд е поместено за 25 и 26 март.

Натпреварите се одложени поради седумдневната жалост во земјава по големата трагедија во Кочани.  За одложените натпревари од 18-тата рунда од Првата и 19 и 20 коло од женската Суперлига лига, допрва ќе се определат нови термини.

Идентична одлука донесе и Кошаркарската федерација која мечевите од 21-то коло ги помести за следниот викенд, а во текот на следната недела ќе се одиграат двата одложени меча од 20-тата рунда.

ФОТО: Игор Паневски