Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Навивач на Нант убиен пред дуелот со Ница во Лига 1

/

пред 1038 дена

Сподели преку :

Во француската фудбалска Лига 1 синоќа се случи трагедија, откако навивач на Нант бил убиен кратко пред да започне натпреварот со Ница.

Нант објави дека нивни 31-годишен навивач, член на ултрас групата „Лоар Бигад“, бил убиен на пат кон стадионот  „Божуар“. Инцидентот се случил кога поголема група навивачи на Нант опколиле неколку такси возила кои превезувале фанови на Ница. Несреќниот 31-годишен навивач на домашниот тим бил прободен со нож во грбот.

Според неофицијални информации убиецот бил еден од таксистите, кој веднаш и се предал на полицијата.

Француското обвинителство веднаш отвори истрага за случајот, а Нант изрази жалење и сочувство до најблиските на починатиот навивач.

И покрај инцидентот, натпреварот се одигра, а Нант ја совлада Ница со 1-0.