Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Невремето го одложи првото финале на СП во атлетика

/

пред 1143 дена

Сподели преку :

Поради лошите временски услови организаторите на Светското првенство во атлетика што се одржува во Будимпешта донесоа одлука да се помести стартот на првата финална дисциплина на шампионатот.

Претпладнево за 8 часот и 50 минути беше закажан стартот на трката во одење на 20 километри што ќе се одржи во центарот на градот, но поради обилните врнежи проследени со ветер и грмотевици беа причина почетокот да се одложи за два часа.

Најсериозен кандидат за освојување на златниот медал е Кинезот, Јун Жанг кој има најдобро постигнување во светот за оваа година. Зад него според резултатот е Каио Бонфим од Бразил, а потоа следува Коки Икеда од Јапонија.

Двојниот освојувач на златото од шампионатите во Доха и Јуџин, Тошиказу Јаманиши оваа година има десетти најдобар резултат, но сигурно дека ќе се обиде да стигне до третото најсјајно одличје и да го повтори подвигот на Џеферсон Перез од Еквадор кој има три златни трофеи од шампионатите во Париз, Хелсинки и Осака.

ФОТО: Игор Паневски