Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ништо ново и во новата сезона во Ф1: Ферстапен со пол-позиција во Бахреин

/

пред 946 дена

Сподели преку :

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на првата сезонска трка во Формула 1 шампионатот што утре ќе се вози за Големата награда на Бахреин. За Холанѓанецот тоа е 33-та пол-позиција во кариерата.

Пилотот на Ред Бул во денешните квалификации имаше најбрз круг со време од 1 минута, 29 секунди и 179 илјадитинки. Во првиот стартен ред на бранителот на шампионска титула друштво ќе му прави Шарл Леклер од Ферари. Трето време имаше пилотот на Мерцедес, Џорџ Расел. Потоа следува Карлос Сајнц, Серхио Перез, Фернандо Алонсо, а најдобрите десетмина ги комплетираат двајцата возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пиастри, Луис Хамилтон и Нико Хулкенберг.

Трката за Големата награда на Бахреин утре стартува со почеток во 16 часот.