Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Норвешка, Франција, Шпанија и Холандија по потврда на пласманот во четвртфиналето

/

пред 1031 дена

Сподели преку :

На Светското првенство во ракомет во женска конкуренција денеска се играат мечевите од второто коло во втората и четвртата група од Главната рунда.

Во втората група домаќинот Норвешка со евентуална победа над Словенија ќе ја продолжи триумфалната низа и ќе обезбеди пласман во четвртфиналето, а во идентична ситуација е и лидерот во четвртата група, Холандија која ќе се соочи со Украина.

Во втората група на програмата се уште дуелите Австрија – Ангола и Јужна Кореа – Франција. Со победа во вечерашниот меч и Французинките на коло пред крајот ќе го верификуваат пласманот меѓу осумте најдобри селекции на светот.

Слична е ситуација и во четвртата група каде Шпанија со победа над Чешка исто така имаат сигурно учество во елиминациската рунда.

Во последниот дуел од оваа конкуренција се среќаваат Бразил и Аргентина.

ФОТО: Игор Паневски