Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова сензација од Канада, слаломско злато за Сен Жермен

/

пред 1325 дена

Сподели преку :

Лоренс Сен Жермен е сензационална освојувачка на златниот медал во слаломската трка на Светскиот шампионат во алпско скијање што се одржува во Куршевел.

Канаѓанката до најголемиот успех во кариерата стигна со 61 стотинка подобро вкупно време во однос на четирикратната светска шампионка Микаела Шифрин кој беше водечка по првата трка.

Бронзата и припадна на Германката, Лена Дер која зад победничката заостана 69 стоти дела од секундата.

Второпласираната по првата трка Венди Холденер од Швајцарија во текот на второто возење на половина од патеката направи грешка и на крајот не стигна до целта.

Новата светска шампионка во слалом никогаш во кариерата не се искачила на подиумот на една трка од Светскиот куп, а најдобар пласман и е петто место во паралелен слалом, а во класична трка била шеста пред две години во Леви.