Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новинарите ги избраа Дуплантис и Путељас

/

пред 1371 дена

Сподели преку :

Светскиот рекордер во скок со стап Арман Дуплантис и фудбалерката на Барселона, Алешиа Путељас се прогласени за најдобри спортисти за 2022 година во изборот на европскиот оддел на Меѓународното здружение на спортски новинари.

Путељас која беше најдобра и во изборот на глобално ниво во оваа анкета освои најмногу бодови пред италијанската скијачка Федерика Брињоне и англиската фудбалерка Бет Мед.

Кај мажите Дуплантис славеше пред двајцата француски фудбалски репрезентативци Карим Бензема и Килијан Мбапе.

Во изборот на најдобрите спортисти во Европа учествуваа 43 национални асоцијации од Стариот континент.

ФОТО: Игор Паневски