Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ново злато за шпанските одачи, Перез ја потврди доминацијата

/

пред 1142 дена

Сподели преку :

Марија Перез од Шпанија е нова светска шампионка во одење на 20 километри. Перез во досегашниот тек од сезоната триумфираше на осум од девет настапи, а со златото на Светското првенство само ја потврди доминацијата во оваа дисциплина.

Европската шампионка од 2018-тата на целта пристигна со време од 1 час 26 минути и 51 секунда додека второпласираната Џемина Мотанг од Австралија заостана 25 секунди, но забележа нов континентален рекорд.

Бронзата и припадна на Антонела Палмисано од Италија. Бранителката на трофејот од Јуџин, Кимберли Гарсија Леон од Перу денешниот настап во заврши на четвртата позиција пред Алења Гонзалез од Мексико и Гленда Морехон од Еквадор.

ФОТО: Игор Паневски