Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Њуи ќе има 30 милиони фунти годишна плата во Астон Мартин

/

пред 753 дена

Сподели преку :

Формула 1 тимот Астон Мартин денеска официјално го промовираше легендарниот Адријан Њуи за нов шеф за дизајн на болидите. Британецот го напушта Ред Бул по 19 години.

По месеци шпекулации околу неговиот следен тим, Њуи по заминувањето од Ред Бул реши да премине во редовите на Астон Мартин. Британецот кој има 65 години важи за најдобриот дизајнер на Ф1-болиди на сите времиња. Беше еден од клучните луѓе во Ред Бул и доминацијата прво на Себастијан Фетел, а потоа и на Макс Ферстапен.

Иако официјално не е објавено, Њуи со Астон Мартин потпишал петгодишен договор вреден 30 милиони фунти годишно и плус ќе добие акции во тимот.

Тој градеше шампионски болиди и во Вилијамс и Мекларен, па сега истата задача ќе ја има и во амбициозниот Астон Мартин. Њуи ќе почне со работа од 1.март 2025 година, а главна цел ќе му биде да дизајнира конкурентен болид за 2026 година кога на сила стапуваат новите правила во Ф1.