Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Њукасл и Ливерпул се договорија: Исак за 150 милиони евра се сели на „Енфилд“

/

пред 398 дена

Сподели преку :

Трансфер-сагата на Александар Исак конечно завршува откако Њукасл се согласи да го продаде напаѓачот во Ливерпул за обештетување од 144 милиони евра, плус шест милиони во бонуси.

Швеѓанецот цело лето инсистираше на преселба во Ливерпул, но Њукасл не попушташе под притисокот. Во последниот ден од преодниот рок, конечно ќе му се исполни желбата на голгетерот, кој прави рекорден британски трансфер.

Исак е седмото летно засилување за „црвените“, кои потрошија неверојатни 480 милиони евра на нови фудбалери, како Флоријан Вирц, Иго Екитике, Милош Керкез, Џереми Фримпонг, Гиорги Мамардашвили, Армин Петши и Џовани Леони.

Сепак, Исак веројатно не е последното летно засилување за Ливерпул, бидејќи англискиот шампион преговара со Кристал Палас за дефанзивецот Марк Геи.