Магомедгаџи Нуров ќе и го донесе првиот медал на Македонија на Медитеранските игри во Оран.
Нашиот репрезентативец во категоријата до 97 килограми против Фејзула Ататурк ќе се сретне во финалето и има шанса да го одбрани златото освоено пред четири години во Тарагона.
Нашиот втор претставник Владимир Егоров преку репасажот успеа да стигне до меч за бронзениот трофеј и во попладневната програма ќе се соочи со Алжирецот, Абделхак Кербаше.











