Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбојкарите без шанса против Италија: Осминафиналето е успех сам по себе

/

пред 1120 дена

Сподели преку :

Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското одбојкарско првенство. Денеска во Бари загубивме од фаворитот Италија со максимални и убедливи 3-0.

Македонија ќе го заврши настапот меѓу најдобрите 16 репрезентации во Европа што е огромен успех сам по себе. Конечниот исход денеска беше јасен уште пред да почне натпреварот во Бари. Нашата селекција најмногу покажа во првиот сет што го загуби со 25-20, но во следните два „аѕурите“ беа безмилосни и славеа со 25-12 и 25-15.  Квалитетот на еден од најголемите фаворити сепак беше преголем залак за нашите одбојкари кои на крајот сепак испишаа историја и го имаат најдобриот настап во нашиот трет настап на континенталните турнири.

На Европското првенство на кое бевме еден од ко-домаќините, Македонија оствари две победи во Скопје во рамки на групата Ц. Ги совладавме Данска и Црна Гора во првите две кола што беше доволно да стигнеме до елиминациите. Потоа загубивме од Полска, Холандија и Чешка.