Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбојкарите го почнуваат настапот во Сребрената лига

/

пред 1593 дена

Сподели преку :

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот и 15 минути во Скопје ќе го одигра првиот натпревар од новото издание на Европската сребрена лига.

Противник ни е селекцијата на Босна и Херцеговина со која во текот на минатата година одигравме два дуели во квалификациите за Европското првенство и забележавме две победи.

На клупата на нашиот национален тим ќе дебитира новиот селектор Ратко Павличевиќ, кој го презема водството на репрезентацијата пред почетокот на подготовките за настап во Сребрената лига.

Натпреварот се игра во А1 арената Борис Трајковски и влезот за сите заинтересирани е слободен.

ФОТО: Игор Паневски