Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

/

пред 884 дена

Сподели преку :

Македонската одбојкарска репрезентација денеска го имаше првиот собир пред почетокот на подготовките за претстојните натпревари од Златната лига и квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во 2026 година.

Одбојкарите денеска се собраа во Струмица, каде ќе ги одработат тренинзите до почетокот на Европската златна лига. Новиот селектор Хари Наковски, кој го наследи кормилото од Јошко Миленковски на овој прв собир смета на 15 одбојкари. Го нема искусниот техничар Филип Деспотовски, а повикани се двајца дебитанти Михајло Мирасчиев и Кристијан Илиев. Дуелите во Златната лига ќе ги пропушти и еден од најстандардните Александар Љафтов, кој ќе се приклучи на подготовките кон средината на месец јули, односно пред почетокот на евроквалификациите.

Натпреварите во Европската лига ги почнуваме на домашен терен на 17 и 19.мај, кога ќе играме против Естонија и Чешка. Потоа во Беверен играме против Азербејџан на 25-ти мај и со домаќинот Белгија веќе следниот ден. Последниот турнир е во Осијек, а таму на 31.мај играме против Хрватска, а на 1.јуни против Шпанија.

Квалификациите за Европското првенство ги почнуваме на 17 или 19 август на гости против Грузија, а една недела подоцна ќе ја пречекаме Грција.