Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одбојкарките поразени од Египет на почетокот од Медитеранските игри

/

пред 1562 дена

Сподели преку :

Во првиот настап на Медитеранските игри во Оран, македонската женска одбојкарска репрезентација е поразена од Египет со 3:1.

Македонските одбојкарки пружија силен отпор во соочувањето со противникот и откако го загубија првиот сет со 25:20 во вториот славеа убедливо со 25:11 и успеа да го израмнат резултатот на 1:1.

Во третиот повторно се водеше неизвесна битка за секоја поен, а на крајот Египет стигна до 25:19 и поведе со 2:1 во сетови.

И во последниот сет исто така беше неизвесно до самиот крај, но селекцијата на Египет славеше со 25:23 и стигна до првата победа на турнирот.

Во второто коло кое е на програмата утре репрезентацијата на Македонија за противник ја има репрезентацијата на Тунис.