Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одермат најбрз на спустот во Венген, Гоџа славеше во Кортина (ВИДЕО)

/

пред 623 дена

Сподели преку :

Одермат стигна до шестата сезонска победа откако денеска беше најбрз на спустот пред домашната публика во швајцарски Венген. Тој оствари време од 2 минути, 22 секунди и 58 стотинки и за 37 стотинки беше побрз од својот сонародник Фрањо фон Алмен, кој вчера победи на трката во супер велеслалом. Третото место му припадна на Миха Хробат од Словенија.

Одермат останува лидер во спуст со 325 бодови пред Фон Алмен, кој иам 82 бодови помалку, а Швајцарецот и прв и во генералниот поредок со 866 бодови или 292 повеќе од Хенрик Кристофересен.

Утре во Венген ќе се вози слаломска трка.

Гоџа до својата втора сезонска победа пред италијанската публика во Кортина д’Ампецо славеше со време од 1 минута, 33 секунди и 95 стотинки. Втора беше Касја Виков Лие од Норвешка со 42 стотинки послабо време, а трета беше уште Италијанка, Федерика Брињоне, која имаше 55 стотинки послабо време од победничката.

Брињоне води во спуст со 189 бодови, девет повеќе од Гоџа, а во генералниот поредок исто така лидер е Италијанката со 539 бодови, шест повеќе од Камил Раст. Утре во Кортина на програмата е трка во супер велеслалом.