Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одермат најбрз на супер велеслаломот во Гармиш (ВИДЕО)

/

пред 980 дена

Сподели преку :

Одермат стигна до својата деветта победа сезонава, а втора во супер велеслалом во рамки на Светскиот куп во скијање.

Во Гермиш Партенкирхен денеска, тој оствари време од 1:10,13 минути и за 30 стотинки беше побрз од Австриецот Рафаел Хасер, додека трет беше Фрањо фон Алмен.

Швајцарецот е лидер во сите конкуренции сезонава освен во слалом. Во супер велеслалом Одермат има 390 бодови, додека Винсент Крихмајр е втор со 269. Во генералниот поредок, Швајцарецот има убедливи 1.406 бодови, а второпласираниот Сиприен Саразан има 684.

Следниот викенд скијачите требаше да се натпреваруваат во Шамони, но трите трки се откажани поради високите температури во францускиот ски-центар. Светскиот куп за скијачите продолжува на 10 февруари во Банско.