Натпреварувачката комисија на СЕХА лигата ги одреди термините за одигрување на првите четвртфинални натпревари од разигрувањето за пласман на завршниот турнир.
Еурофарм Пелистер за место во полуфиналето ќе се сретне со Татран Прешов, а мечот ќе се одигра на четврти следниот месец во Битола со почеток во 18 часот.
Два дена претходно, Вардар во Скопје ќе се соочи со Војводина, а дуелот што ќе се игра во СЦ Јане Сандански почнува исто така во 18 часот.
ФОТО: Игор Паневски











