Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОФИЦИЈАЛНО: Ерлинг Халанд е нов фудбалер на Манчестер сити

/

пред 1608 дена

Сподели преку :

Ерлинг Халанд по завршувањето на актуелната фудбалска сезона кариерата ќе ја продолжи во редовите на Манчестер сити, потврди премиерлигашот. По многубројните шпекулации изминативе два дена, „граѓаните“ решија и официјално да го потврдат трансферот.

Норвежанецот преминува во редовите на Сити од Борусија Дортмунд за обештетување од 60 милиони евра, а не 75 милиони како што се мислеше претходно.

„Можеме да потврдиме дека постигнавме договор за трансфер на голгетерот Ерлинг Халанд. Од трансферот останува да се финализираат деталите околу личните услови на фудбалерот“, се вели во соопштението на лидерот во Премиерлигата.

Халанд ќе потпише петгодишен договор со Сити вреден нешто повеќе од 300.000 фунти неделно. Норвежанецот во дресот на Борусија Дортмунд досега има постигнато 85 голови на 88 натпревари во сите конкуренции. Треба да се напомене дека голгетерот има блиска врска со Манчестер сити, бидејќи неговиот татко Алф-Инге Халанд своевремено играше во дресот на „граѓаните“ од 2000 до 2003 година.