Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОФИЦИЈАЛНО: Бојан Миовски е нов голгетер на Глазгов Ренџерс

/

пред 400 дена

Сподели преку :

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски од денеска е нов фудбалер на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс по трансферот од редовите на Џирона.

Миовски не се снајде најдобро во дресот на шпанскиот клуб минатата сезона по трансферот од Абердин вреден 6,5 милиони евра. Голгетерот на 23 натпревари постигна само четири голови, па сега реши да се врати назад во Шкотска, каде имаше две фантастични сезони.

За Абердин на 98 натпревари постигна 44 голови со седум асистенции. Сега Миовски ќе го носи дресот на славниот Ренџерс следните четири сезони.

„Ова е голем клуб со неверојатна историја и навистина сум почестен што можам да бидам дел од неа. Веднаш штом слушнав за интересот, знаев дека ова е местото каде што сакам да бидам“, рече Миовски за клупската интернет страница на гигантот од Глазгов.