Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Официјално: Дејвид Мојс повторно на клупата на Евертон

/

пред 631 дена

Сподели преку :

Дејвид Мојс се врати на менаџерската позиција на Евертон по 12 години и потпиша договор до јуни 2027 година. Искусниот шкотски стратег ќе го замени Шон Дајч, кој заработи отказ по слабите резултати сезонава на „карамелите“, кои се наоѓаат на 16-тото место во Премиерлигата со само три победи на 19 натпревари.

Мојс го водеше Евертон од 2002 до 2013 година, кога го напушти клубот за да го замени сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер јунајтед. На „Олд Трафорд“ не издржа ни една сезона, а потоа ги водеше Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест Хем.