Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ограбен домот на Грилиш: Крадците си заминале со ќар од 1 милион фунти

/

пред 1012 дена

Сподели преку :

Фудбалерот на Манчестер сити Џек Грилиш имал кошмарна вечер во средата, бидејќи неговиот дом во Манчестер бил ограбен додека тој играл натпревар против Евертон.

Сити победи со 3-1 на гостувањето во Ливерпул, но Грилиш немаше многу причини за славје, бидејќи по последниот свиреж на судијата бил информиран дека во неговиот дом влегле крадци и тоа додека 10 членови од неговото семејство биле присутни и го гледале натпреварот на телевизија.

Според англиските медиуми, крадците успеале да украдат накит вреден 1.милион фунти од домот на англискиот репрезентативец. Полицијата веднаш реагирала, но не успеала да ги пронајде криминалците. Била организирана потрага со кучиња, автомобили и хеликоптер, но засега нема уапсени ниту пак осомничени за кражбата.