Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тешка повреда на Дехари нема да настапи во Пекинг

/

пред 1699 дена

Сподели преку :

Македонскиот репрезентативец во алпско скијање Дардан Дехари поради повреда нема да настапи на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Дехари за време на тренингот ги скина лигаментите на коленото и мора веднаш да замине на операција.

“На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно падна при што тешко го повреди десното колено.

По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран.

Да потсетиме дека Дардан Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 Февруари.

Да му посакаме на Дардан успешно опоравување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени”, се вели во соопштението на Македонскиот олимписки комитет.