Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: Европската јуниорска џудо елита викендов гостува во Скопје

/

пред 785 дена

Сподели преку :

Викендов Скопје е домаќин на Европскиот јуниорски куп во џудо на кој настапуваат 260 натпреварувачи од 26 земји, а борбите се одржуваат во салата на СЦ Јане Сандански.

Македонија на турнирот ја преставуваат 19 репрезентативци, а на првиот ден најдобрите резултати ги постигнавме во женска конкуренција.

Во категоријата преку 78 килограми Борјана Поп Атанасова во меч за бронзата е поразена од Тара Јаниќ од Хрватска, а шанса да се бори за третата позиција имаше и Катерина Ацевска која во репасажот во истата категорија е совладана од Бугарката, Полина Колева.

ФОТО: Игор Паневски