Дарио Ивановски на денешниот настап на маратонот во Валенсија постави нов македонски рекорд.
Тој патеката ја мина за 2 часа 11 минути и 53 секунди и за повеќе од шест минути го подобри државниот рекорд кој беше во негова сопственост, а го постави пред нешто повеќе од една година и изнесуваше 2 часа 18 минути и 12 секунди, а го забележа на трката што се одржа во Копенхаген.
ФОТО: Игор Паневски











