Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поп Арсова Рашиќ го освои 62-тото место во маратон на СП Токио 2025

/

пред 385 дена

Сподели преку :

Македонската атлетичарка Адријана поп Арсова Рашиќ ја комплетираше маратонската трка на  62-тото место на Светското првенство во атлетика што се одржува во Токио. Утре ќе настапи и нашиот втор репрезентативец на Мундијалот, Дарио Ивановски исто така во маратонската трка.

Поп Арсова Рашиќ финишираше како претпоследна, односно на 62-то место. Во тешки услови за трчање со над 30 целзиусови степени и голема влажност, Македонката успеа да го заврши маратонот со време од 3:01:48 часа. Од вкупно 100 пријавени натпреварувачки, стартуваа 73, но десет маратонки не ја завршија трката од 42 километри.

Победничка беше олимписката шампионка од Токио, Перес Чепчирчир од Кенија со време од 2:24:43 часа. Зад неа со само две секунди заостанување финишираше Тигст Асефа од Етиопија, додека бронзата и припадна на Џулија Патернаин од Уругвај.

Вечерва, 30 минути по полноќ ќе стартува и машката маратонска трка, на која ќе настапи и Дарио Ивановски.