Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина им забрани на спортистите да се натпреваруваат против Руси и Белоруси

/

пред 1270 дена

Сподели преку :

Со уредбата што ја донесе Министерството за спорт, Украина им забранува на спортистите од оваа земја да се натпреваруваат со претставниците на Русија и Белорусија на Олимписките и Параолимписките игри, светските и континенталните шампионати како и на други поединечни и екипни натпреварувања.

Најновата одлука е донесена како последица на препораките од Интернационалниот олимписки комитет да им дозволи на спортистите од двете земји да бидат дел од големите натпреварувања и да партиципираат како неутрални учесници.

Украина претходно веќе ги предупреди националните спортски асоцијации дека ќе им го одземе статусот доколку нивни претставници ќе се натпреваруваат со колегите од Русија и Белорусија.