Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Откажана трката во формула 1 што требаше да се вози во Имола

/

пред 1235 дена

Сподели преку :

Поради обилните дождови и поплавите во регионот околу патеката Имола, организаторите решија да ја откажат Големата на награда на Емилија Ромања што требаше да се одржи во текот на овој викенд.

“Се решивме да ја откажеме трката бидејќи не е возможно да обезбедиме сигурно одржување на трката. Не можеме да обезбедиме нормално движење на навивачите, тимовите и останатиот персонал. Не сакаме да вршиме дополнителен притисок врз локалните власти и итните служби во овој тежок момент”, се вели во соопштението на организаторите на трката.

Само неколку часа претходно министерот за сообраќај, Матео Салвини побара трката да се откаже бидејќи ситуацијата во северниот дел на Италија поради поплавите е сериозна и дека нема услови за нормално одржување.

Како последица на поплавите илјадници луѓе се евакуирани од овој регион, а три лица го загубија животот.

Сезоната во формула 1 продолжува веќе следниот викенд со трката за Големата награда на Монако, а седум дена потоа возачите се селат во Барселона.