Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Озимен ќе го тужи Наполи за скандалозната објава на „Тик Ток“ (ВИДЕО)

/

пред 1102 дена

Сподели преку :

Виктор Озимен е целосно разочаран од својот клуб Наполи кој објави видео на социјалната мрежа „Тик Ток“ со кое го исмејува фудбалерот за промашениот пенал против Болоња.

Јавноста остана шокирана од потегот на италијанскиот клуб, кој потоа го избриша видеото од социјалната мрежа, но не доволно брзо пред да предизвика бура од реакции.


Се огласи и агентот на Нигериецот, кој најави дека адвокатскиот тим на фудбалерот планира да го тужи Наполи.

„Она што се случи на официјалната страна на Наполи на ‘Тик Ток’ е неприфатливо. Видео кое го исмејува Виктор прво беше објавено јавно, а потоа и избришано. Сериозен факт, кој предизвикува сериозна повреда на играчот и само додава на третманот што момчето го има во последниот период помеѓу осуда на медиумите и лажните вести“, изјави Роберто Календа, агентот на Озимен. 

Напаѓачот реши да ги избрише сите објави во дрес на Наполи на својот профил на „Инстаграм“ што јасно покажува дека тој повеќе не сака да биде поврзвуван со овој клуб. Трансфер во јануарскиот преоден е и повеќе од реалност за Озимен.