Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пад од една позиција за Ивановски и Србљак

/

пред 1161 дена

Сподели преку :

На најновата АТП ранг листа двајцата македонски тенисери забележаа пад од една позиција.

Калин Ивановски во следните седум дена ќе биде 336 тенисер на светот со оглед на фактот дека 25-те освоени бода од ИТФ турнирот во Крамзах ќе му бидат впишани на почетокот од следната недела додека Горазд Србљак во моментов се наоѓа на 1128 место.

Пад од три позиции бележи Обрад Марковски кој во моментов е на 1225 место на АТП листата.

Во конкуренција на двојки Ивановски бележи напредок од осум места и оваа недела ќе ја мине на 607 позиција, Марковски е рангиран на 1014-тата позиција, а Берг Бугариќ е 1315-ти. Србљак на најновата ранг листа во двојки е на 1911 место.

ФОТО: Игор Паневски