Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Палиња конечно во дресот на Баерн Минхен

/

пред 816 дена

Сподели преку :

Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Жоао Палиња од Фулам за 51 милион евра плус 5 милиони во бонуси. Португалецот потпиша четиригодишен договор до јуни 2028 година.

Фудбалерот од средниот ред беше пред потпис со Баерн уште минатата година, но неговиот трансфер пропадна во последен момент откако Фулам не можеше навреме да најде негова замена. една година подоцна, Палиња го оствари својот сон да го облече дресот на Баерн.

Изминативе две сезони, португалскиот репрезентативец одигра 79 натпревари за тимот од „Крејвн Котиџ“, а претходно настапуваше за Спортинг Лисабон во својата татковина.