Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Парис победи во Квитфјел, но Одермат ја освои титулата во супер-џи

/

пред 574 дена

Сподели преку :

Доминик Парис славеше на супер велеслаломската трка во Квитфјел, а Марко Одермат ја обезбеди титулата во оваа дисциплина во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Парис дојде до својата 24-та победа во кариерата, а втора во норвешкиот ски-центар за само два дена откако во петокот беше најбрз и на спуст трката. Италијанецот до триумфот дојде со време од 1 минута, 8 секунди и 98 стотинки. Втор беше Џејмс Крафорд од Канада со 38 стотинки послабо време, додека на подиумот како третопласиран се искачи и Словенецот Миха Хробат.

Марко Одермат го освои 4.место денеска, но уште пред трката тој официјално го освои Малиот кристален глобус во супер велеслалом. Швајцарецот е лидер и во генералниот поредок со 1.516 бодови, пред Хенрик Кристофересен, кој има 946.

Скијачите следниот викенд остануваат во Норвешка, но во Хафјел, каде на програмата се трки во велеслалом и слалом.