Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Париз еруптираше во славје со трагични последици: Двајца мртви и над 500 уапсени лица (ВИДЕО)

/

пред 490 дена

Сподели преку :

Францускиот главен град синоќа буквално гореше откако ПСЖ ја освои титулата во фудбалската Лига на шампиони по победата од 5-0 против Интер. Полицијата имаше полни раце работа, но за жал во немирите имаше и жртви.

Две лица се починати и над 500 се уапсени во немирите што се случија синоќа во Париз за време на прославата на шампионската титула на ПСЖ, соопшти министерот за внатрешни работи на Франција, а објави „Скај“.

Навивањето и славењето по победата брзо станале насилни во близина на Елисејските полиња, но и во близината на стадионот на ПСЖ, „Паркот на принцовите“.

Француските власти регистрирале 692 пожари од кои дури 264 опожарени автомобили.

Околу 5.400 полицајци биле распоредени низ францускиот главен град, кои морале да користат солзавец за да ги растурат насилните толпи навивачи. Министерството потврди дека 22 полицајци биле повредени при нередите и седум пожарникари.